Известување за измени во органите на управување

12.10.2010

Известување за измени во органите на управување

Поради истекот на мандатот на членовите на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, Надзорниот одбор на седницата одржана на ден 06.10.2010 година донесе Одлука Бр.0202-12 за избор на членови на Управен одбор.

За членови на Управен одбор на Алкалоид АД Скопје повторно се избрани лицата:
1. Живко Мукаетов
2. Ѓорѓи Јованов
3. Цветанка Симоновска
4. Милкица Глигорова
5. Ќире Ицев

Членовите на Управниот одбор се избрани за период од шест (6) години, сметано од
21.11.2010 година.

Членот на Управен одбор на Алкалоид АД Скопје Живко Мукаетов се именува за
Претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје.

Претседателот на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје го застапува Друштвото во односите со трети лица, без ограничување и носи назив Генерален директор.
 

Алкалоид АД Скопје