Македонскиот претседател Иванов во посета на новата фабрика

28.10.2010

Македонскиот претседател Иванов во посета на новата фабрика во Белград

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, во рамките на официјалната посета на Република Србија, на 21. октомври 2010 година ги посети и новите призводствени капацитети на Алкалоид АД, во близина на Белград.

При обиколката на фабриката за лекови која е дел на Алкалоид д.о.о. Белград, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД- Скопје, Живко Мукаетов го запозна Шефот на македонската држава со производствените капацитети, работењето и со развојните планови на оваа прва ваква инвестиција на Компанијата во странство, која е градена во согласност со строгите стандарди за  добра производна практика (GMP) и во која досега се инвестирани околу 750.000 евра.

Алкалоид д.о.о. Белград дозволата за примарно и за секундарно производство од Министерството за здравје на Република Србија ја доби во септември 2010 година, а овој производствен капцитет на пазарот пласира повеќе од 30 фармацевтски производи од  неколку фармакотерапевтски групи, со проверен и со потврден квалитет. Фабриката  во моментов има капацитет од околу 23 милиони блистери на годишно ниво, а со  развојните планови на Алкалоид АД-Скопје е предвидено нејзино натамошно проширување и надградување на производството.