ДОНАЦИЈА НА ОДДЕЛОТ ЗА ДЕТСКА ОНКОЛОГИЈА

28.10.2011

ДОНАЦИЈА НА ОДДЕЛОТ ЗА ДЕТСКА ОНКОЛОГИЈА

Покрај доделувањето на стипендиите, на прес-конференцијата одржана на 28 октомври 2011 година, Претседателот на Фондацијата, г. Живко Мукаетов и Директорот на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар во Скопје, г. Ацо Костовски потпишаа Договор за донација.

Со овој Договор, средствата во висина од 425500 денари, собрани од организацијата на хуманитарниот пикник на „Алкалоид АД – Скопје“, одржан на 3 септември 2011 година, ќе се наменат за опремување на Одделот за детска онкологија на оваа клиника.

Општествената одговорност е дел од традицијата на Алкалоид. Како проверен и сигурен партнер на македонското здравство и фармација, Алкалоид активно партиципира и помага во реализацијата на домашни и на меѓународни стручни манифестации, учествува со донации во опрема и со инфраструктурни проекти за амбулантите и за болниците низ Македонија.