Имплементација (RollOut) на AlkaSAP во Алкалоид КОНС ДООЕЛ Скопје

18.01.2011

Имплементација (RollOut) на AlkaSAP во Алкалоид КОНС ДООЕЛ Скопје

Алкалоид КОНС ДООЕЛ Скопје, друштво ќерка на Алкалоид АД Скопје, од 17.01.2011 година започнува да работи во најсовремениот податочен информационен систем SAP, светски лидер во ERP (Enterprise Resourse Planning) системите.
 
Со оваа имплементација Алкалоид АД Скопје засега е единствена македонска компанија која извршила RollOut во свој поврзан субјект на SAP ERP (брендирано име AlkaSAP) како најдобро и најкомплексно светско решение за интегриран систем за управување со податоците.

RollOut во Алкалоид КОНС ДООЕЛ Скопје опфаќа четири функционални модула и тоа:      
-   Финансии
-   Контролинг
-   Управување со материјали и магацини
-   Продажба и дистрибуција

Имплементирањето го изврши проектен тим кој се состоеше од 40 експерти од различни области вработени во Алкалоид КОНС, Алкалоид АД и хрватската софтверска компанија b4b.

Со овој проект се очекува да се оствари повисока ефикасност во работењето на Алкалоид КОНС ДООЕЛ Скопје како и на матичното друштво со неговите поврзани субјекти, оптимизација, стандардизација, интеграција и унификација на сéвкупните бизнис процеси.