Ново друштво во Словенија

05.01.2011

Ново друштво во Словенија

Алкалоид АД Скопје на ден 28.12.2010 година регистрираше ново друштво во
Република Словенија со назив Алкалоид - Фарм д.о.о. Љубљана. Друштвото Алкалоид
Фарм д.о.о. Љубљана е во 100% сопственост на Алкалоид АД - Скопје.

Главна дејност на ова ново друштво се локалните деловни операции на словенечкиот пазар.

Досегашното регистрирано друштво во Љубљана се ребрендира во Алкалоид - ИНТ
д.о.о. со главен фокус кон дистрибуцијата на алкалоидовите производи на ЕУ пазарите. Со ова Алкалоид АД - Скопје ги продолжува активностите кон зајакнување на извозните позиции на Компанијата како главна стратешка определба.