Образложение за остварени резултати 2010

02.03.2011

Образложение за остварени резултати 2010

Алкалоид АД Скопје во 2010 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби бележат пораст за околу 9% во споредба со остварените во 2009 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 1% и нето добивката од околу 3%.

Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби бележат пораст за околу 10% во споредба со остварените во 2009 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 8% и нето добивката од околу 16%.