GMP Сертификат

14.06.2012 

GMP Сертификат

Aгенцијата за лекови од Република Бугарија (BDA), по извршената инспекција во погонот за производство на цврсти фармацевтски форми - цврсти желатински капсули во ПЦ Фармација, издаде сертификат за сообразност со начелата на Добрата производна пракса (GMP), дефинирани во Директивите на Европската Унија.

Со ова Алкалоид АД Скопје се потврдува како високопрофесионален производител на фармацевтски производи со примена на најсовремени производствени технологии и деловни стандарди, сè со единствена цел - квалитетни, ефикасни и безбедни лекови.

Со овој сертификат Алкалоид АД Скопје продолжува со регистрации и пласман на своите фармацевтски производи на пазарите во земјите членки на ЕУ.