ИНФОРМАЦИЈА ЗА МЕДИУМИТЕ 01-25-12

25.01.2012

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ И АМБАСАДОРОТ НА НР КИНА ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПОСЕТИЈА АЛКАЛОИД

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и кинескиот амбасадор во земјава, неговата екселенција Цуи Живеи на 23 јануари беа во официјална работна посета на "Алкалоид".

Нивните екселенции беа запознаени со потенцијалите на компанијата, нејзината развојната стратегија, како и со резулатите постигнати во изминатите години. Освен што остварија средба со раководниот тим на компанијата, гостите имаа можност дирекно да се запознаат и со дел од производните капацитети. 

За претседателот Иванов, „Алкалоид“ е навистина успешна приказна во Македонија, која ги задоволува највисоките стандарди за најпребирливите пазари, што укажува дека како држава ги негуваме сите можности кои ги бараат странските пазари.„ Можам само да му честитам на тимот предводен од господинот Мукаетов кој успева да се одржуваат тие стандарди и да се нудат производи за сите странски пазари. Посетата ја искористив сето тоа да му го презентирам и на кинескиот амбасадор, за да може да ги види потенцијалите на фармацевтската индустрија во Македонија и можностите за извоз и за трговска размена меѓу двете земји“ изјави Иванов за време на посетата на фармацевтската компанија, кој патем откри дека е јубител на алкалодовите чаеви.

Амбасадорот на НР Кина, неговата екселенција Живеи ги изрази своите импресии од  условите и производниот ланец што го виде во „Алкалоид“ и вети дека ќе ги вложи сите напори за да ја интензивира соработката меѓу двете земји, притоа честитајќи ја Кинеската Нова година на сите граѓани на Македонија.

Генералниот директор на „Алкалоид“ Живко Мукаетов посочи дека кинескиот амбасадор го запознал со потенцијалите на компанијата, посебно во делот на билките и чаевите, а ги презентирале и производните капацитети и оние кои се поврзани за новиот Институт за развој и контрола на квалитет.

„Имавме чест да покажеме дека во Македонија има потенцијал за развој, напредок и уште подобри резултати. Разговаравме дека во овој момент ние сѐуште сме во една фаза на снимање на ситуацијата таму бидејќи се работи за еден голем комплициран пазар, каде што секој град кој е над еден милиони жители, а има стотина такви, има своја филозофија на функционирање и економско работење“, порача Мукаетов.