Интернационалнeн Тренинг за лидери

05.04.2012

Интернационалнeн Тренинг за лидери

Од 1 до 8 април 2012 година во Охрид се одржува Интернационалниот Тренинг за лидери организиран во соработка со Данскиот Сојуз на Извидници и Сојузот на извидници во Македонија на кој земаат учество 30 извидници од Данска и 30 извидници од Македонија.

Извидничката организација како во светот така и во Македонија е најбројното невладино движење во кое активно се вклучени над 31 милион млади луѓе.
Тренингот за лидери е прв од ваков вид организиран во Балканот и пошироко. Истиот ќе послужи како пример за организирање на повеќе соработки од овој тип. Сојузот на извидници на Данска (Det Danske Spejderkorps) е највлијателната невладина организација во Кралството Данска и во соработката со Сојузот на извидници на Македонија цели кон создавање конструктивни лидери во двете држави.

Сојуз на извидници на Македонија е невладина организација која на територијата на Македонијасвоите први почетоци ги бележи уште далечната 1921 година, а обликот на денешната организација за прв пат датира од 1953 година. До денес низ нејзините редови имаат членувано повеќе илјадници млади луѓе.

„Чест ми е да присуствувам на еден ваков настан, чија основна цел е градење на капацитетите намладите, на оние кои се нашата иднина. Посебно задоволство ми претставува што Македонија е пионер во регионов во организација на еден ваков настан чија основна цел е преку примена на едукативни методи да придонесе во градењето на здрав систем на позитивни вредности кај младите, нешто на кое треба да се обрнува големо внимание во секое општество. Уште поголемо задоволство ми е што тоа се прави во соработка со едно од најголемите извиднички движења во светот, Извидничкиот сојуз на Кралството Данска, земја која ја претставувам во Република Македонија.

Чесност, одговорност, љубезност, пријателство, почит кон постарите, чесни зборови и дела кои стојат во заложбите на извидниците, се принципи на кои и самиот настојувам да ги научам своите деца. 

Како раководител на една од водечките општествено одговорни компании во Република Македонија, Алкалоид АД Скопје, работам на поддршка на проекти кои се насочени кон потребите на младите, нивна едукација и правилно насочување, проекти кои ќе придонесат во нивното градење во општествено одговорни индивидуи“ – истакна Живко Мукаетов, Генерален директор на Алкалоид, воедно и Генерален конзул на Кралството Данска во Република Македонија, на церемонијата на отварањето на кампот посакувајќи им на младите и нивните едукатори успешна работа.

Извидниците продолжуваат во наредните денови со нивните тимски активности кои вклучуваат:запознавање на двете култури, комуникациски и организациски вештини, градење на тимови,мотивација и лидерство, справување со конфликти итн., со еден збор, сè она што и е потребно на една млада личност за полесно да се се справува со предизвиците на животот.