Втор хуманитарен пикник

01.10.2012

Втор хуманитарен пикник

На 29 септември 2012 година (сабота) во комплексот „Мулино Гарден“ во населба Сопиште, од 11 до 15 часот се одржа вториот хуманитарен пикник на Алкалоид АД – Скопје. На пикникот присуствуваа вработените на Алкалоид АД – Скопје, членовите на нивните семејства и нивни пријатели кои ја искажаа својата хуманост донирајќи средства во Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Беа собрани над половина милион денари кои ќе бидат наменети за опремување на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.