„Алкалоид“ со донација од 9 апарати за хемодијализа во 5 здравствени установи

01.04.2013

„Алкалоид“ со донација од 9 апарати за хемодијализа во 5 здравствени установи

„Алкалоид АД – Скопје“ донираше вкупно 9 апарати за хемодијализа на пет здравствени установи во Македонија. По два апарати за хемодијализа добија општите болници во Прилеп и Струмица, како и здравствениот дом во Делчево и клиничката болница во Штип, а апарат за хемодијализа доби и општата болница во Гевгелија.

Преку оваа донација сакаме барем малку да го олесниме процесот на лекување на пациентите кои одат на хемодијализа, да придонесеме за нивно поквалитетно лекување и поголема достапност на нивната терапија. Бројот на бубрежно-болните во Република Македонија воопшто не е мал, а некои пациенти на хемодијализа регистрирани во центрите каде сега се донирани апаратите, мораа да патуваат во соседните градови за го добијат соодветниот третман.

Апаратите за хемодијализа се набавени од компанијата „Фрезениус“ по доста поволни цени благодарение на долгогодишната соработка која „Алкалоид АД – Скопје“ ја има со оваа реномирана компанија и се од типот 4008Н. Редовната цена на чинење на еден апарат се движи помеѓу 10 до 12 илјади евра.

Како проверен и сигурен партнер на македонското здравство и фармација; и како компанија која секогаш на прво место го става здравјето на луѓето и редовно помага на оние на кои тоа им е најпотребно, ваквите заложби и акции на „Алкалоид АД – Скопје“ ќе продолжат и во иднина.