Алкалоид АД Скопје – добитник на наградата „Кристално ѕвоно“ за 2014

13.05.2015

Алкалоид АД Скопје – добитник на наградата „Кристално ѕвоно“ за 2014

Алкалоид АД Скопје по петти пат ја доби наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза АД Скопје, овојпат за 2014 година.

Наградата беше доделена во рамките на третата „Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност“ во организација на Македонската Берза АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје одржана на 7 мај 2015 година.

Оваа награда претставува уште едно признание за нивото на корпоративното управување, транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто.