Гласање преку полномошник

Гласање преку полномошник

Секој акционер може да овласти со полномошно друго физичко или правно лице како свој полномошник на седницата на собранието.

Полномошното се издава во писмена форма со пополнување на образецот за гласање преку полномошник (Полномошно за физички лица, Полномошно за правни лица).

Полномошното мора да содржи комплетни податоци за идентитетот на акционерот и полномошникот, и тоа:
- За акционерот - пополнето целосно име и презиме, своерачен потпис и ЕМБГ на акционер физичко лице, односно назив, седиште, печат, ЕМБС, целосно име и презиме и своерачен потпис на застапник по закон на акционер правно лице,
- За полномошникот - целосно име, презиме и ЕМБГ за полномошник физичко лице, односно назив, седиште и ЕМБС на полномошник правно лице.

Акционерите треба веднаш да го известат Друшвото за секое дадено полномошно по писмен пат на следната адреса:
Алкалоид АД Скопје
Бул. Александар Македонски бр. 12
1000 Скопје
Со назнака „за Годишно собрание на акционери“

Друштвото може да бара дополнително утврдување на личниот идентитет на акционерот како услов за уважување на полномошното, како и верификација на дадените инструкции за гласање.

Конфликт на интереси