# „ГЛАУКОМ И НЕВРОПРОТЕКЦИЈА – ДАЛИ ИМА ИСКРА НА КРАЈОТ НА ТУНЕЛОТ?“

> „ГЛАУКОМ И НЕВРОПРОТЕКЦИЈА – ДАЛИ ИМА ИСКРА НА КРАЈОТ НА ТУНЕЛОТ?“  — Alkaloid AD Skopje

Source: https://alkaloid.com.mk/oftalmologija

## Офталмологија глауком

Глаукомот претставува заболување со мултифакторска етиологија и со сѐ уште нецелосно дефинирана комплексна патофизиологија, кое често доведува до настанување глаукомна оптичка невропатија, која може да предизвика иреверзибилно губење на видот и слепило. 

Глаукомот е една од водечките причини за слепило, особено кај повозрасната популација, над 60-годишна возраст. Епидемиолошките податоци покажуваат дека се заболени над 80 милиони луѓе во светот, со проценка дека овој број ќе нарасне до 112 милиони до 2040 година. Многу често дијагнозата е задоцнета, а започнувањето со третман одолговлекувано поради асимптоматскиот тек на болеста, особено кај најзастапената форма на примарен глауком со отворен агол.1,2  

Глаукомот претставува хронично заболување, кое, доколку не се дијагностицира навреме и доколку не се започне со соодветен терапевтски третман, завршува со трајно оштетување на очниот нерв и со значително намалување на видот, неретко и со слепило. 

Новите сознанија за процесите и за механизмите вклучени во патогенезата на глаукомот во основа го дефинираат глаукомот како комплексно невродегенеративно заболување, кое има заеднички патофизиолошки основи со невродегенеративните заболувања, како на пример Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.1,3, 

[Корисни алатки за вас и вашите пациенти

](https://alkaloid.com.mk/pronet-alatki)

[ТЕРАПЕВТСКИ ВОДИЧИ

Прочитај повеќе

](https://alkaloid.com.mk/pronet-terapevtski-vodich)