Оглас за надополнување на база

Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД постојана инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го зачуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од осум децении со неуморна страст создаваме производи што се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец затоа што веруваме дека

ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СÈ.

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и да ги остварите своите амбиции и визии за личен успех; доколку сте посветени, лојални, креативни и насочени кон постигнување резултати, внимателно проследете ја следната информација:

АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ

има потреба од редовно годишно надополнување на базата на потенцијални кандидати од следните образовни профили:

    ВСС–образование:

  • магистри по фармација
  • лабораториски биоинженери
  • хемиски инженери
  • технолошки инженери
  • доктори по општа медицина
  • доктори по стоматологија

    ССС образование:

  • фармацевтски техничари
  • хемиски техничари
  • козметички техничари
  • медицински техничари
  • гимназиско образование
  • друго ССС-образование за општи работници во производство, во магацини и за одржување хигиена

    Со кандидатите би можело да се исконтактира за потребите на следниве оддели:

  • Производство – Фармација
  • Производство – Хемија, козметика и билка
  • Истражување и развој – Фармација
  • Контрола на квалитет – Фармација
  • Регулаторни работи
  • Фармаковигиланца
  • Обезбедување квалитет
  • Продажби – Фармација

Доколку сте заинтересирани да бидете дел од базата на потенцијални кандидати за работни позиции што би се отвориле во текот на годината, ве охрабруваме да аплицирате на еден од следните начини:

1. со достава на писмо за мотивација, кратка биографија (CV), копија од дипломата за завршено формално образование и на копија од сертификати и од други дипломи, на електронската адреса career@alkaloid.com.mk со назнака:

- За влез во базата на потенцијални кандидати ССС или

- За влез во базата на потенцијални кандидати ВСС

2. или со креирање личен профил на следниот линк: https://career.alkaloid.com.mk (на соодветниот оглас за ССС или за ВСС)

Вкупната големина на електронската апликација не треба да надминува 20 MB.

„Алкалоид“ АД Скопје го задржува правото да стапи во контакт со заинтересираните кандидати доколку се појави потреба во текот на годината.