Becutan пенливо средство за капење 200ml, 400ml

Пенливо средство за капење Becutan
200 ml / 400 ml

Пенливото средство за капење Becutan е благо средство наменето за нега на нежната детска кожа. Поради своите хипоалергенски својства, се препорачува за употреба уште од раѓање. Темелно ја чисти и ја негува кожата, не иритира и не предизвикува солзење. Благодарение на посебните хидратантни состојки, дури и при често капење не ја суши чувствителната бебешка кожа.

•    Производот е клинички и дерматолошки тестиран и
развиен во соработка со дерматолози и со педијатри.

•    Не содржи сапун.
•    Не содржи алкохол.
•    Има приспособена pH-вредност.
•    Се препорачува за нега на чувствителна кожа кај сите возрасти.