Прашања и одговори на собрание

Прашања и одговори на собрание

Секој акционер има право да поставува прашања по секоја од точките од дневниот ред на седницата на собранието на Друштвото.

Друштвото одговара на поставените прашања доколку тоа не е во спротивност со доверливоста на работењето, деловната тајна, како и деловните интереси на Друштвото.

Друштвото може да даде еден збирен одговор на прашањата со иста содржина. Друштвото може да одговори директно на акционерот или да ги објави одговорите на поставените прашања на својата интернет страница во формат на прашање и одговор.