Придобивки

Придобивки

КОНКУРЕНТНА ОСНОВНА ПЛАТА

Нашата политика за надоместоци се базира на неколку концепти: конкурентен, мотивирачки, навремен и транспарентен. Принципите што се користат за одредување на понудената плата служат за да го признаат вашиот придонес и да го стимулираат вашето работење. Тие предвидуваат можности за зголемени награди во иднина, во зависност од резултатите, од напредокот во кариерата и од успехот на бизнисот во целост.

РАБОТА/ЖИВОТ И РАМНОТЕЖА

Ние разбираме дека нашите вработени имаат активности и одговорности и надвор од работното место. Затоа, нашата компанија, освен што го поддржува начинот на кој работат вработените, истовремено го поддржува и нивниот личен живот. Ова е причината поради која одржуваме конзистентност во работните часови, но, исто така, очекуваме вработените да посветат време и напор кога одредени прилики го бараат тоа за успехот на бизнисот.

ВО ДОПОЛНЕНИЕ

Ние го нудиме и следново:

  • тимска работа;
  • работна атмосфера која мотивира;
  • современо дизајнирано работно место со најсовремени лаборатории и производствени капацитети и
  • високи стандарди за здравствена заштита.