Производи за нега на кожа

Производи за нега на кожа

Becutan

Becutan е бренд кој успешно егзистира на меѓународниот пазар повеќе од 40 години. Континуирано, во целиот овој период, Becutan колекцијата е лидер во продажниот асортиман на Профитниот центар - Хемија, Козметика и Билкарство.


Young Derm

Масната кожа е подложна на создавање митесери и акни. Процесот на нивно создавање започнува во внатрешноста на порите на кожата. Лојните жлезди произведуваат состојка неречена себум, која се задржува на површината на кожата. Најчесто, себумот продира низ порите, одејќи кон површината на кожата. Но, понекогаш, физиолошките процеси се поместуваат, а со тоа се нарушува и механизмот на исфрлање на мртвите клетки кои се наоѓаат во фоликулата на влакната.


Sattwa

Satwa

Процесот на стареење започнува порано отколку што мислите. Иако не се забележуваат брчките, веќе по 20-та година клеточната структура се менува, а механизмот за самообновување на кожата почнува да слабее. Благодарение на науката, Sattwa кремот со витамин Ц и Sattwa кремот со овошни киселини ги стимулираат клеточните механизми во текот на денот и ноќта, враќајќи ја младоста и свежината на Вашата кожа.


Asso

Asso

Кожата е одраз на односот кон себе. Секоја кожа има своја приказна, тврдат дерматолозите. Asso производите се за секојдневна нега на чувствителна кожа. Оптималната содржина на глицерин не дозволува сушење на кожата.


Black Up

BLACKUP

Препаратите од колекцијата BLACK UP овозможуваат заштита од сонце, а воедно ја негуваат кожата. Комбинацијата на УВА и УВБ - филтри ја спречува појавата на изгореници и брчки, го превенира предвременото стареење на кожата, а влажните состојки и Д - пантенолот придонесуваат кожата да добие бронзена боја, а сепак да остане мека и еластична.