Becutan шампон за деца со екстракт од овес и Д-пантенол 200ml

Шампон со екстракт од овес и со Де-пантенол за деца

200ml

Благата формулација на шампонот Becutan со екстракт од овес и со Де-пантенол претставува вистински одговор на долгопоставуваното прашање околу секојдневната употреба на детски козметички препарати. Комбинацијата од внимателно избрани активни компоненти темелно ги чисти косата и скалпот, истовремено негувајќи ја и заштитувајќи ја кожата на главата. Покрај екстрактот од овес, новиот шампон содржи и Де-пантенол, состојка со изразено хидратизирачко дејство и со својство за регулација на влажноста на косата и на кожата.

Борбата со сувиот и оштетен скалп како честа појава особено кај бебињата, поддржана од трендовите што ги применува Becutan со децении, сега добива додадена вредност. Покрај тоа, шампонот Becutan со екстракт од овес и со Де-пантенол ќе им стави крај и на маратонските брканици за расчешлување на косата, давајќи ѝ дополнителна мекост и природен сјај.

Зошто екстракт од овес?

Екстрактот од овес претставува богат извор на природни компоненти што се вбројуваат во групи соединенија карактеристични по тоа што го елиминираат дејството на слободните радикали, како и по своето изразено антивоспалително дејство, со што придонесуваат за заштита на кожата од појава на иритации.

Се препорачува и за секојдневна употреба кај возрасни со чувствителна кожа подложна на иритации.

Не содржи:

  • сапун
  • алкохол
  • бои
  • парабен