Стипендии

Стипендии

Инвестирањето во кадар и во знаење, заедно со општествената одговорност, отсекогаш играле клучна улога во развојната политика на „Алкалоид“ АД. Ова е причината зошто ние инвестираме во потенцијалните таленти за време на нивните студии, а по нивното завршување им даваме можност за влегување во нашата компанија.

Покрај одделните договори за соработка што ги има склучено компанијата со Фармацевтскиот факултет, Ветеринарниот факултет и со Земјоделскиот факултет, во 2008 година „Алкалоид“ потпиша и Општ договор за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со цел практична размена на знаење и на искуства. Убедени сме дека традицијата и искуството, заедно со практичното знаење и со младоста, ќе резултираат со постигнување заеднички цели на академската и на бизнис-заедницата.

За таа цел, Фондацијата „Трајче Мукаетов“, која спонзорира проекти од областа на фармацијата, медицината и на науката, стипендира над 100 талентирани студенти по медицина и по фармација.