Валериан микс

Валериан микс - чај за смирувањеВалериан микс - чај за смирување
Билката валеријана, како главна компонента на чајот „Валериан микс“, заедно со жолтиот кантарион придонесува за нормална функција на нервниот систем. Билките валеријана и маточина придонесуваат за намалување на времето потребно за заспивање. Чајот содржи и лист од нане, кој придонесува за регулирање на нервната напнатост на мазните мускули.

Свежо приготвен, чајот се пие навечер, засладен по желба.

Ве молиме задолжително да го прочитате упатството за користење на чајот, кое се наоѓа на амбалажата.

Достапен е во филтер-кесички 20 х 1,5 g и во класично рефус пакување од 100 g.