30.12.2010
Бизнис план за 2011 година
Со одлука на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на 27.12.2010 година, донесен е Бизнис планот на Компанијата за 2011 година. Бизнис планот е базиран на:
- Реалните очекувања, проекции и можности на тековните и новите пазари и производи;
- Политиките за управување со ризик;
- Зголемувањето на ефикасноста на сопствените ресурси.
Бизнис планот предвидува континуирано вложување во човечките ресурси, инвестирање на околу 9,5% од консолидираните продажби во материјални и нематеријални средства од сопствени извори, раст од најмалку 10% на консолидираните продажби во однос на очекуваните за 2010 година како и раст од најмалку 10% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на очекуваниот за 2010 година.
Се очекува 36,95% од консолидираните продажби да бидат остварени на домашен пазар додека 63,05% од извоз.
Сегментарно по Профитни центри, 85,54% од консолидираните продажби се очекува да ги реализира ПЦ Фармација, а 14,46% ПЦ Хемија Козметика Билкарство.