Бизнис план за 2012 година

30.12.2011

Бизнис план за 2012 година

Со одлука на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на 29.12.2011 година, донесен е Бизнис планот на Компанијата за 2012 година. Бизнис планот е базиран на:- Реалните очекувања, проекции и можности на тековните и новите пазари и производи;- Политиките за управување со ризик;- Зголемувањето на ефикасноста на сопствените ресурси.

Бизнис планот предвидува континуирано вложување во човечките ресурси, инвестирање на околу 8,5% од консолидираните продажби во материјални и нематеријални средства од сопствени извори, раст од најмалку 10% на консолидираните продажби во однос на очекуваните за 2011 година како и раст од најмалку 10% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на очекуваниот за 2011 година.

Се очекува 38,91% од консолидираните продажби да бидат остварени на домашен пазар додека 61,09% од извоз.
Сегментарно по Профитни центри, 83,39% од консолидираните продажби се очекува да ги реализира ПЦ Фармација, а 16,61% ПЦ Хемија Козметика Билкарство.