Бизнис план за 2013 година

28.12.2012

Бизнис план за 2013 година

Со одлука на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на 28.12.2012 година, донесен е Бизнис планот на Компанијата за 2013 година. Бизнис планот е базиран на:

  • Реалните очекувања, проекции и можности на тековните и новите пазари и производи;
  • Политиките за управување со ризик;
  • Зголемувањето на ефикасноста на сопствените ресурси.
Бизнис планот предвидува континуирано вложување во човечките ресурси, инвестирање на околу 8,5% од консолидираните продажби во материјални и нематеријални средства од сопствени извори, раст од најмалку 6% на консолидираните продажби во однос на очекуваните за 2012 година како и раст од најмалку 5% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на очекуваниот за 2012 година.
Се очекува 40,8% од консолидираните продажби да бидат остварени на домашен пазар додека 59,2% од извоз.
Сегментарно по Профитни центри, 83,6% од консолидираните продажби се очекува да ги реализира ПЦ Фармација, а 16,4% ПЦ Хемија Козметика Билкарство.