Бизнис план за 2016

30.12.2015

Бизнис план за 2016

Бизнис планот за 2016 година е базиран на:

  • Реалните очекувања, проекции и можности на тековните и новите пазари и производи;
  • Политиките за управување со ризик;
  • Зголемувањето на ефикасноста на сопствените ресурси.

Согласно стратешката определба, Алкалоид и во 2016 година ќе продолжи по курсот на развојот, ќе продолжи да инвестира во производствените капацитети и во современите технологии, во човечките ресурси и во заедницата воопшто.

Бизнис планот за 2016 година предвидува инвестирање на околу 11,5% од консолидираните продажби во материјални и нематеријални средства од сопствени извори, раст од најмалку 6% на консолидираните продажби во однос на очекуваните за 2015 година како и раст од најмалку 6% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на очекуваниот за 2015 година.

Сегментарно по Профитни центри, 83% од консолидираните продажби се очекува да ги реализира ПЦ Фармација, а 17% ПЦ Хемија Козметика Билкарство.

Се очекува 39,8% од консолидираните продажби да бидат остварени на домашен пазар додека 60,2% од извоз.

  • Прв приоритет и понатаму останува регионот;
  • Втор приоритет се земјите од ЕУ, САД, Русија и земјите од ЗНД;
  • Трет приоритет се останатите пазари.

Бизнис планот на Компанијата за 2016 година е донесен со одлука на Управниот Одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на 28.12.2015 година.