Дополнително вложување во Република Србија 122012

05.12.2012 

Дополнително вложување во Република Србија

Алкалоид АД Скопје континуирано вложува во освојување на поголемо пазарно учество на постојните и нови пазари во странство.   За таа цел на 29.11.2012 година изврши дополнително вложување во постојното друштво во Република Србија по пат на зголемување на основачкиот влог.

Вложувањето се изврши во Алкалоид ДОО Белград каде што се вложени 36 илјади евра наменети за опремување на контролна лабораторија за потребите на сопственото производство. Друштвото е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје. 

Со оваа инвестиција Алкалоид АД Скопје го зајакнува своето присуство на странските пазари со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото.