Дополнително вложување во Република Србија

07.02.2012

Дополнително вложување во Република Србија

Алкалоид АД Скопје континуирано вложува во освојување на поголемо пазарно учество на постојните и нови пазари во странство. За таа цел на 24.01.2012 година изврши дополнително вложување во постојните друштва во Република Србија од вкупно 405 илјади евра по пат на зголемување на основачкиот влог.

Вложувањето се изврши во Алкалоид ДОО Белград каде што се вложени 280 илјади евра наменети за опремување на контролна лабораторија за потребите на сопственото производство и во Алкалоид Веледрогерија ДОО Белград каде што се вложени 125 илјади евра за обезбедување на возила и соодветен магацински простор за вршење на дистрибутивна дејност.Двете друштва се 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје. 

Со оваа инвестиција Алкалоид АД Скопје го зајакнува своето присуство на странските пазари со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото.