GMP Сертификат за Профитен центар Фармација

05.05.2011

GMP Сертификат за Профитен центар Фармација

Националната агенцијата за лекови и медицински помагала, при Министерството за здравство од Република Романија, по извршената инспекција во февруари 2011 година, согласно член 111(5) од Директивата 2001/83/ЕC, во Погонот за производство на полусинтетски цефалоспорини, ПЦ Фармација, го обнови сертификатот за сообразност со начелата на Добрата производна пракса (GMP), дефинирани во Директивата 2003/94/ЕC.

Со ова Алкалоид АД Скопје се потврдува како високопрофесионален производител на фармацевтски производи со примена на најсовремени производствени технологии и деловни стандарди, сé со единствена цел - квалитетни, ефикасни и безбедни  лекови.

Со овој сертификат Алкалоид АД Скопје продолжува со регистрации и пласман на своите фармацевтски производи на пазарите во земјите членки на ЕУ.