Годишно Собрание на акционери 2014

12.03.2014

Годишно Собрание на акционери

Почитувани акционери,

Алкалоид АД Скопје објавува дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 07.04.2014 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Македонија.

Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 07.03.2014 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2013 година во износ од 200,00 денари бруто односно 180,00 денари нето по акција, што е за 9,09% поголема во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 183,33 денари бруто односно 165,00 денари нето.

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите.

Повеќе детали на следниот линк.

Алкалоид АД Скопје

Управен одбор