Годишно Собрание на акционери 2015

11.03.2015

Годишно Собрание на акционери

Почитувани акционери,

Алкалоид АД Скопје објавува дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 06.04.2015 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Македонија.

Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 06.03.2015 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2014 година во износ од 210,00 денари бруто, односно 189,00 денари нето по акција, што е за 5% поголема во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 200,00 денари бруто, односно 180,00 денари нето.

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите.

Повеќе детали на следниот линк.

Алкалоид АД Скопје

Управен одбор