Годишно Собрание на акционери

02.04.2018

Годишно Собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје

На ден 02.04.2018 година се одржа Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје.

На одржаната седница се усвоија материјалите и предлог-одлуките предложени според утврдениот Дневен ред, објавен во Јавниот повик до акционерите за учество на собранието.

Донесена е одлука за исплата на дивиденда за 2017 година во висина од 243,00 денари нето, односно 270,00 денари бруто за една акција што е за 8% повеќе од исплатената дивиденда за 2016 година. Исплатата на дивидендата ќе започне од 16.05.2018 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

Сите одлуки и материјали усвоени од собранието на акционери може да се преземат на следниот линк

 

Алкалоид АД Скопје

Управен одбор