Годишно Собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје

07.04.2014

Годишно Собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје

На ден 07.04.2014 година се одржа Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје.

На одржаната седница се усвоија материјалите и предлог-одлуките предложени според утврдениот Дневен ред, објавен во Јавниот повик до акционерите за учество на собранието.

Донесена е одлука за исплата на дивиденда за 2013 година во висина од 180,00 денари нето, односно 200,00 денари бруто за една акција што е за 9,09% повеќе од исплатената дивиденда за 2012 година. Исплатата на дивидендата ќе започне од 14.05.2014 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

Сите одлуки и материјали усвоени од собранието на акционери може да се преземат на следниот линк.