Годишно Собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје April 2013

08.04.2013

Годишно Собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје

На ден 08.04.2013 година се одржа Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје.

На одржаната седница се усвоија материјалите и предлог-одлуките предложени според утврдениот Дневен ред, објавен во Јавниот повик до акционерите за учество на собранието.

Донесена е одлука за исплата на дивиденда за 2012 година во висина од 165,00 денари нето, односно 183,33 денари бруто за една акција што е за 3,13% повеќе од исплатената дивиденда за 2011 година. Исплатата на дивидендата ќе започне од 15.05.2013 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.