Известување-исплата на дивиденда

19.04.2011

ИЗВЕСТУВАЊЕ

АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 11.05.2011 година ќе врши исплата на дивидендата за 2010 година.

Право на исплата на дивиденда за 2010 година имаат сите акционери на Алкалоид АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на ден 06.05.2011 година.

Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2010 година, кои не доставиле фотокопии од своите трансакциски и жиро сметки и документ за идентификација, да ги достават истите до компанијата најдоцна до 06.05.2011 година, на адреса:

АЛКАЛОИД АД Скопје
Бул. Александар Македонски Бр.12
1000 Скопје
Република Македонија
За Реферат за Акционерство и имотни прашања

АЛКАЛОИД АД Скопје