Известување за достава на трансакциски сметки

15.04.2015

Известување за достава на трансакциски сметки

АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 20.05.2015 година ќе врши исплата на дивиденда за 2014 година.

Право на исплата на дивиденда за 2014 година имаат сите акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на ден 24.04.2015 година.

Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2014 година, кои немаат доставено податоци за своите трансакциски и жиро сметки да се јават во друштвото најдоцна до 15.05.2015 година, на телефонскиот број 3104-252 - Реферат акционерство и имотни прашања.

АЛКАЛОИД АД Скопје