Известување за достава на трансакциски сметки 2018

11.04.2018

Известување за достава на трансакциски сметки

АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 16.05.2018 година ќе врши исплата на дивиденда за 2017 година.

Право на исплата на дивиденда за 2017 година имаат сите акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на ден 19.04.2018 година.

Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2017 година, кои немаат доставено податоци за своите трансакциски и жиро сметки да се јават во друштвото најдоцна до 11.05.2018 година, на телефонскиот број 3104-252 - Реферат акционерство и имотни прашања.

 

Алкалоид АД Скопје