Известување за достава на трансакциски сметки

19.04.2013

Известување за достава на трансакциски сметки

АЛКАЛОИД АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 15.05.2013 година ќе врши исплата на дивиденда за 2012 година.

Право на исплата на дивиденда за 2012 година имаат сите акционери на АЛКАЛОИД АД Скопје кои се евидентирани во книгата на акции на ден 26.04.2013 година.

Се повикуваат сите акционери (физички и правни лица) со право на дивиденда за 2012 година, кои немаат доставено податоци за своите трансакциски и жиро сметки да се јават во друштвото најдоцна до 10.05.2013 година, на телефонскиот број 3104-252 - Реферат акционерство и имотни прашања.