Ново друштво во Турција

03.07.2013

Ново друштво во Турција

Алкалоид АД Скопје, регистрираше ново друштво во Република Турција со назив ALKALOID ILAC TICARET LIMITED SIRKETI со седиште во Истанбул. Друштвото е во 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје.

Главна цел за отворање на ова ново друштво е зајакнување на постојните позиции на пазарот во Турција, каде Алкалоид е присутен преку продажба на течни минерални ѓубрива, како и влез на пазарот со фармацевтски производи и производи од сите останати програми на Алкалоид, а воедно и пробив на пазарите во Азија и Блискиот Исток.

Со ова Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите кон зајакнување на извозните позиции на Компанијата како главна стратешка определба.