Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари-Декември 2011

28.02.2012

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари-Декември 2011

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Декември 2011 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби бележат пораст за околу 14% во споредба со остварените во истиот период во 2010 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 9% и нето добивката од околу 7%.

Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби бележат пораст за околу 8% во споредба со остварените во истиот период во 2010 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 6% и нето добивката од околу 4%.