ПОЗИТИВНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ - ДЕКЕМВРИ 2012

27.02.2013

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Декември 2012

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Декември 2012 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби бележат зголемување од 1% во споредба со остварените во истиот период во 2011 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) е на исто ниво, а нето добивката бележи намалување од 5%.

Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби бележат зголемување за 1% во споредба со остварените во истиот период во 2011 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 3%, а нето добивката е на исто ниво.