Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Декември 2013

28.02.2014

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Декември 2013

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Декември 2013 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби во износ од 5.704 милиони денари бележат зголемување за 1% во споредба со остварените во истиот период во 2012 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 1.004 милиони денари што претставува зголемување од околу 2%. Нето добивката изнесува 620 милиони денари што претставува зголемување исто така од 2%.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 7.098 милиони денари бележат зголемување од 5% во споредба со остварените во истиот период во 2012 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 1.058 милиони денари што претставува зголемување од околу 3%. Нето добивката изнесува 600 милиони денари што претставува зголемување исто така од 3%.