Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Декември 2014

27.02.2015

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Декември 2014

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Декември 2014 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби во износ од 5.784 милиони денари бележат зголемување за 1% во споредба со остварените во истиот период во 2013 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 1.084 милиони денари што претставува зголемување од околу 8%. Нето добивката изнесува 629 милиони денари што претставува зголемување од 1%.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 7.398 милиони денари бележат зголемување од 4% во споредба со остварените во истиот период во 2013 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 1.137 милиони денари што претставува зголемување од околу 8%. Нето добивката изнесува 618 милиони денари што претставува зголемување од 3%.