Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Јуни 2012

27.07.2012

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Јуни 2012 

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Јуни 2012 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби бележат пораст за околу 2% во споредба со остварените во истиот период во 2011 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 2%, а нето добивката намалување од околу 3%.

Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби се на исто ниво во споредба со остварените во истиот период во 2011 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 3%, а нето добивката намалување од околу 1%.