Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари-Јуни 2013

31.07.2013

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари-Јуни 2013

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Јуни 2013 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби бележат зголемување од 4% во споредба со остварените во истиот период во 2012 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи намалување од околу 3%, а нето добивката бележи намалување од 5%.

Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби бележат зголемување за 5% во споредба со остварените во истиот период во 2012 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 2%, а нето добивката бележи раст од 1%.