Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари Март 2012

27.04.2012

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Март 2012

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Март 2012 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби бележат пораст за околу 2% во споредба со остварените во истиот период во 2011 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 6% и нето добивката од околу 6%.

Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби се на исто ниво во споредба со остварените во истиот период во 2011 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 6% и нето добивката од околу 5%.