ПОЗИТИВНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ - МАРТ 2013

30.04.2013

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Март 2013

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Март 2013 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби бележат зголемување од 9% во споредба со остварените во истиот период во 2012 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 2%, а нето добивката бележи намалување од 2%.

Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби бележат зголемување за 3% во споредба со остварените во истиот период во 2012 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 3%, а нето добивката е на исто ниво.