Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Март 2014

30.04.2014

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Март 2014

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Март 2014 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби во износ од 1.435 милиони денари бележат зголемување за 3% во споредба со остварените во истиот период во 2013 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 266 милиони денари што претставува зголемување од околу 2%. Нето добивката изнесува 167 милиони денари што претставува зголемување од 3%.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби во износ од 1.881 милиони денари бележат зголемување од 9% во споредба со остварените во истиот период во 2013 година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) изнесува 304 милиони денари што претставува зголемување од околу 2%. Нето добивката изнесува 191 милиони денари што претставува зголемување од 4%.