Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари- Септември 2013

04.11.2013

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари- Септември 2013

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Септември 2013 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби бележат зголемување за 3% во споредба со остварените во истиот период во 2012 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 2% и нето добивката бележи раст од 2%.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби бележат зголемување од 5% во споредба со остварените во истиот период во 2012 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) е на исто ниво, а нето добивката бележи намалување од 3%.