Позитивни резултати - Јануари - Март 2011

29.04.2011

Позитивни финансиски резултати во периодот Јануари - Март 2011

Алкалоид АД Скопје во периодот Јануари - Март 2011 оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот консолидиран и неревидираниот единечен Биланс на успех.

Според консолидираниот Биланс на успех, остварените консолидирани продажби бележат пораст за околу 10% во споредба со остварените во истиот период во 2010 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 6% и нето добивката од околу 4%.

Во единечниот Биланс на успех, остварените единечни продажби бележат пораст за околу 13% во споредба со остварените во истиот период во 2010 година, добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) бележи раст од околу 4% и нето добивката од околу 5%.